Собранието денеска официјално го избра Нури Бајрами за член на новата Аниткорупциска комисија. Но, Бајрами е баџанак на претседателот на Парламентот, Талат Џафери, информација која за „Нова“ ја потврдил и самиот.
Според Бајрами роднинската врска со Џафери нема да влијае врз неговата работа, ниту одлучувањето.
Нема шанси, нема да потклекнам на никакви притисоци и ќе се борам со секаков вид на корупција, и со високата, вели Бајрами одговарајќи на прашањето дали со неговиот избор се фрла сомнеж врз изборот на антикорупционерите.
Бајрами додаде дека не е во крвно сродство со Џафери, туку тој е женет со сестрата на сопругата на Џафери.
Новоизбраната претседателка на Антикорупциска објаснила дека за овој случај одговор треба да се бара кај Комисијата за селекција, која доколку утврдила судир на интереси, требала навреме да алармира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.