Бабата на десетмесечното бебе кое почина од можни компликации од инфекција од ковид-19, иако позитивна на коронавирусот на свое барање сакала да замине од Клиниката за инфективни болести, а дури по асистенција на Министерството за внатрешни работи соработувала за епидемиолошката анкета, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција.
Десетмесечното бебе живеело со бабата во Скопје, а родителите работеле во Швајцарија. И детето и бабата која се грижела за него биле позитивни на тестот за коронавирус.
Проф д-р Аспазија Софијанова, која е шеф на Одделот за интензивна нега во Клиниката за детски болести во Скопје на 30 мај кажа дека бебето било донесено на 24 мај со грчеви, тресење, температура, со симптоми на вирусен енцефалит. Ден претходно, детето било кај матичен лекар, по што било препратено во Детската специјална клиника за белодробни заболувања во Козле, каде што било прегледано, но домашните одбиле хоспитализација. По пат, бебето паднало во бессознание и го однеле во Детската клиника.
Бабата сакаше да замине од болница, констатирано е дека може да биде на домашно лекување. Имавме и уште еден таков пациент, кој доби решение за домашно лекување. Бабата не сакаше да соработува, и со асистенција на МВР, направена е анкета и според нејзиното кажување, од нејзините контакти во близина, никој нема добиено решение за самоизолација“, рече денеска министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.