Изборите на 17 октомври, според високиот функционер на Алијанса за Албанците, Елми Азири, се одржале под бројни притисоци и уцени. Тој во емисијата „360 степени“ што се емитува вечерва во Алсат, се изјасни и за злоупотреба на државните институции, кои според него биле во функција на власта. Сепак, оценува дека изборниот резултат е добар.
„Нашите резултати не се очекуваните, но имајќи ги предвид околностите во кои функциониравме и се одржаа изборите, имајќи ја предвид и класификацијата на нашата држава од Фридом Хаус како хибриден режим, сметам дека овие резултати се добри. Како потсетување за гледачите, дефиницијата хибридни држави се оние кои редовно имаат изборна измама, ги спречуваат изборите да бидат фер и демократски. Овие држави постојано имаат влади кои вршат политички притисок врз опозицијата, врз невладините организации, кои вршат политички притисок врз судството итн. И во овој изборен процес граѓанинот, за жал, беше изложен на постојана закана, постојана уцена, постојана навреда и секако голема злоупотреба на државните институции“, изјави Азири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.