Богдан Илиевски коментира за тоа што долж автопатот Скопје-Тетово на многу места има поставено импровизирани тезги на кои се продаваат јагоди и друго овошје, без притоа да има каква било реакција од надлежните, за разлика од неколкуте случаи на жестока реакција на полицијата против бабички кои продаваа марули на тротоар крај скопските пазари.

Дополнителен проблем е тоа што со овие импровизирани тезги сериозно се загрозува безбедноста на автопатот, каде што вооопшто не би смеело да има пешаци, а не пак, тезги крај кои застануваат возила.

Автопазар Скопје-Тетово. Иновација од светски рамки. Среќа не продаваат марули, инаку мевере ќе ги сокапеше… – напиша Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.