Некои членови на управни и надзорни органи, но и неколку директори на јавни претпријатија во земјава, имаат средно образование, иако законот предвидува на овие функции да се именуваат луѓе со високо образование, пишува „Фокус“
Порталот како приме го наведува Управниот одбор на ЈП Водовод од Општина Илинден во кој членуваат Марјан Спасовски (средно образование-сообраќај), Стојан Силјановски (средно образование-машинство), Горан Димовски (средно образование-автомеханичар), Дејан Илиевски (средно образование-градежништво), Марко Трпевски (средно образование-автолимар)…
„Во врска со тоа, од јавното претпријатие не упатија одговори да побараме од Советот на Општина Илинден како основач на претпријатието, а од општината досега не добивме никаков коментар околу (не)законитоста на овие именувања“, пишува „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.