Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, во интервју за “360 степени”, вели дека на последните состаноци на ЕУ имало „растечка фрустрација од фактот дека не може да се напредува кон отворање на преговори со Албанија и со Македонија”.

Апсолутно сте во право дека имаше време кога постоеше чувство на замореност од проширување, одредени престолнини се двоумеа, но верувам дека плимата се менува. Мојот поглед е, а имам чувство дека тоа го прават се повеќе членки, дека во политиката нема вакуум и ако ние Европејците, како ЕУ, а има голема разлика, го свртиме грбот, тогаш други ќе влетаат – дали Кина, дали Русија или Турција. А ова е европски регион, тоа не е наш интерес и оттука, во геополитичка смисла, станува збор за тоа дали нашиот начин на живот или начинот на живот на некој друг ќе се наметне тука. Верувам дека ова е размислување за кое има се поголем интерес во ЕУ и на последните состаноци на ЕУ, во Советот, имаше растечка фрустрација од фактот дека не може да се напредува кон отворање на преговори со Албанија и со Македонија зашто, искрено кажано, вие направивте се што требаше и тоа го заслужувате. Би рекол дека Бугарија е изолирана во овие разговори, вели Шаленберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.