Австрија се загала за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ уште во декември, и тоа интензивно го бара од партнерите во Унијата. За Скопје декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ, Софија пак наговестува дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор за разликите.
– Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно, порача вчера австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.