Македонија, како дел од Западен Балкан, ќе добие вакцини против Ковид-19 од Австрија, која ќе одвои пет отсто од своите за земјите од регионов, соопшти австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас во новогодишната честитка.
На новата 2021 година гледаме оптимистички. Австрија не само што ја поддржува Македонија со итно потребните медицински средства. Австрија исто така ќе даде на располагање пет отсто од сопствените дози на вакцини против Ковид-19 за Западен Балкан. Европската Унија не би била комплетна без интеграцијата на Западен Балкан. Токму затоа Австрија, во рамки на процесот на интеграција, максимално се залага за што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција во 2021 година – вели Вуцас, чија земја ја поддржа преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.