Македонија не побарала финансиска помош од Европската унија за градење кампови за мигранти и бегалци, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан одговарајќи на новинарско прашање.
Меѓу главните теми за кои разговараа официјалните претставници на земјите од Западен Балкан со претставниците на ЕК беше мигрантската политика, обезбедувањето на границите и соработката на овој план. Истакната беше потребата за зголемување и обезбедување соодветни капацитети за сместување на бегалци и мигранти во овие земји.

– Ние сега немаме проблем со мигрантските текови, но треба да бидеме подготвени ако случајно дојде до таква ситуација. Инаку, денеска не се разговараше воопшто и ниту некој побарал, ниту ние сме ветиле, ниту сме разговаралеза тоа дали треба да градиме кампови. Сакам да го повторам ставот на Владата ние имаме два транзитни центри во Македонија, едниот на југ на државата, другиот на север, и тие два транзитни центри опстојуваат и ќе опстојуваат при евентуална мигрантска криза. Ние немаме индиции сега во моментов дека би можеле да имаме миграциски текови како во 2015 година, но сакаме да бидеме поготвени заради тоа што се работи за безбедноста и за нашите граѓани и за ЕУ, изјави Спасовски.
– Во земјава веќе се водат кривични постапки, а одредени лица се веќе во затвор. За оние лица за кои постојат докази дека учествувале во воените жаришта во Сирија, Ирак и Авганистан а се уште се наоѓаат таму тие секако дека ќе одговараат кривично-правно, додека за оние лица кои се дел од семејствата на странските борци а се се уште во камповите во Сирија, потребна е нивна репатријација во државата. Притоа е потребна посебна програма за ресоцијализација. Тоа го правиме со Националниот комитет за борба против тероризмот и насилниот екстремизам, рече Спасовски на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.