Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку соопштение реагираше во врска со последните закани упатени кон новинарот Бранко Героски.
Во соопштението се наведува дека за Агенцијата се неприфатливи какви и да било обиди за спречување на слободата на изразување.
Новинарите и медиумите мора да бидат оставени да ја работат својата работа професионално, а сите субјекти, институции и јавноста воопшто треба да прифатат дека слободата на изразување подразбира различни гледишта без оглед дали некому му се допаѓаат или не, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.