Утре, 13 септември 2021 година, понеделник, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 13-та седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Согласно протоколите за заштита од Ковид-19, од страна на прес-службата на Кабинетот на Претседателот ќе бидат дистрибуирани инсерти и фотографии од седницата.

Медиумските екипи кои имаат интерес да снимаат инсерти од пристигнувањето, ги замолуваме да бидат во Кабинетот на Претседателот во 11:30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.