Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) одговори на обвинувањата од СДСМ во однос на распределбата на минутите за рекламирање откако социјалдемократите реагираа дека во однос на минутажата Беса е оштетена на сметка на ВМРО-ДПМНЕ.
Движењето Беса, според листите на кандидати потврдени од Државната изборна комисија е дел од коалицијата ‘Можеме’ и според тоа може да добие минути за платено политичко рекламирање исклучиво во рамките на минутите доделени за оваа коалиција, велат од АВМУ.
Според АВМУ нацрт-верзијата, била готова пред 4 месеци и имало јавна расправа, а ниту СДСМ ниту Беса не испратиле какви било забелешки.
Инаку, распределбата на времето за платено политичко рекламирање во сегашното Упатство е направена на потполно идентичен начин како и за Претседателските избори 2019 година, имајќи предвид дека важи истата одредба од Изборниот законик. Во тој изборен циклус, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски доби 4 минути, односно двојно повеќе време од кандидатите поддржани од опозицијата Гордана Силјановска и Блерим Река кои имаа по две минути. Тогаш, СДСМ немаше никакви забелешки или реакции во однос на распределените минути, а сега, иако е применета истата логика, изнесува неосновани обвинувања за Агенцијата, водејќи се од тесни партиски интереси, велат од Агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.