Кандидатот за градоначалник на општина Македонска каменица, од ВМРО-ДПМНЕ, Димче Атанасовски, реагира дека власта, соочена со извесниот пораз, води црна кампања и спроведува предизборен поткуп.

Сакам да ве известам имајќи предвид дека локалната власт, гледа дека ја губи власта, почнаа да се занимаваат со црна кампања. Вие и самите знаете дека ние и во текот на целокупното водење на кампањата немавме користено такви работи, и нема ни да користиме.

 

Иако денес е последен ден од кампањата, сакам да им порачам на сите мои сограѓани дека локалната власт ја губи власта, очигледно е дека се плашат од сето тоа што ќе се случува после, а тоа е дека ќе одговараат за сите нивни криминали.

 

Сакам сите да ве охрабрам, да излезете масовно на 31-ви и да го дадете гласот за бројот 7. Да не им се плашите ниту на уцените, ниту да потклекнувате на поткуп – порача Атанасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.