Јас со Максим Димитриевски се познавам повеќе од 8 години, не знам како СДСМ направи така катастрофална грешка. Кај Максим беше јасно дека високо котира, а СДСМ кандидираше некои кои лошо котираа, рече универзитетскиот професор Петар Атанасов и поранешен заменик министер за образование од редовите на СДСМ.
Според него народот мора да излезе и да гласа за да имаме јасна ситуација.
-Народот треба да се охрабри кога има избори да излезе и да гласа, не може со бојкотирање и негласање да се менуваат работите на подобри, рече Атанасов.
Овој резултат на локалните избори, рече Атанасов, веројатно беше казна за лошите политики на СДСМ.
-Ова сега беше казна за СДСМ, посочи Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.