Оваа идеја, ова не е ни концепт во јавноста многу тешко поминува. Најпрво реагираше стручната јавност, никој не е консултиран, реагираше Педагошки, сите катедри на Филозовски, Прирордно-математички што е реткост, но реагираше и општата јавност, рече професорот Петар Атанасов и поранешен заменик министер за образование на гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма коментирајќи ги најавите за понудени идеи за промени во образовните програми.

-Ова што се нуди сега е импровизација. Да укинувате предмети и часови не може со таква леснотија.

Професорот Ратко Дуев кој исто така беше дел од дебатата истакна дека не е моѓено да се воведува таква реформа.

-Прво, со реформа се почнува во прво одделение. Второ немаме анализа дека ова е најдобро за Македонија, никој не ни налага дека треба да тргнеме со овој модел, дури и Светска банка која ги дава парите за овој еден вид проект. И никако не треба интеграција на предмети иако треба реформа, рече Дуев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.