Поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов ја анализира состојбата во образовниот систем и подготвеноста за дигитализација односно реформи во образовниот процес.

Дигитализацијата во образованието не е процес кој се спроведува од денеска за утре, тоа треба да се спроведува етапно а за тоа пред се, е потребна обука на образовниот кадар вели за Алфа, Атанасов. Обуката на наставните и професорите, која секако не треба да биде двонеделна, е должност единствено на Министерството за образование и наука и Бирото за развој во образованието, а во набавката на дигитални уреди можат да помогнат и општините  – вели поранешниот заменик министер за образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.