Заменик-министерот во оставка Петар Атанасов во изјава за Инфомакс вели дека една од причините поради која си заминува од министертвото е што бил изоставен од подготовката на Предлог-закон за образование и потврдува дека во работната верзија на законот има многу нејаснотии, меѓу кои и таа дали албанскиот јазик станува задoлжителен за основците без разлика на етничката припадност, како што кружи информација на социјалните мрежи.
Јас сум во ocтавка поради неколку причини, но и затоа што нe бeв дел од процесите за изработка на Законот за основно образование. Позната ми е работната верзија на законот во која има многу нejaсни решенија. Ова што го спомнувате е дел од тие нejaсни решенија. Одговор за тоа што се нуди како peшение може да дадат само министерот и неговите советници кои работеа на овој предлог на закон, одговорил тој.
Инфомакс пренесува дека нејаснотии има во членот 6 во Нацрт-законот за основно образование, објавен на 5 јуни 2019 година:
Pазвивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик.
Доцна синоќа Владата објави демант на, како што пишува, лажната вест.
Владата на Република Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов и бара од порталите Инфомакс, Маркукуле, Нетпрес, Курир и Вечер да ја повлечат лажната објава, да им се извинат на граѓаните и да информираат дека направиле фото монтажа со цел да делуваат манипулативно.
На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество.
Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес.
Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик, пишува во соопштението од Владата.
Министерството за образование и наука е ресот на ДУИ, а министер е Арбр Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.