Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски, вечерва во студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ рече дека посетата на премиерот на Холандија на ден пред гласањето недоверба на Владата, не била случајна.
„Ако зборуваме за легитимитет на еден пратеник, тогаш по нашиот Устав станува збор дека пратеникот е одговорен кон граѓаните и е слободен по своето убедување. Тоа дали ставил потпис на иницијатива па се повлекол, правно пратеникот не е обврзан да го почитува. Споменавте вие за коалицијата на БЕСА со СДСМ. Ако гледаме така пратениците на БЕСА легитимитет го црпат преку таа коалиција, и тоа станува збор за едно неморално однесување на коалицијата БЕСА по икс причини, што исто така е легитимно. Сме изнегледале такви милион примери во минатото“, рече Атанасоски.
Тој додаде:
„Јас велам дека внатрешно политичките состојби во Македонија се определени од надворешните политички ориентации и нејзниот пат. Да бидеме чесни и искрени, мала држава сме, знаеме како меѓународната заедница влијаат врз внатреполитичките односи. Едноставно не е случајна посетата на Марк Руте во земјата пред гласање недоверба на владата. Проструи информација, но не сум сигурен дека е така, пратеникот работел во амбасадата на Холандија и тоа апсолутно имало влијание“, рече Атанасоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.