Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во гостување на ТВ Алсат изјави дека една опозициска партија не може да не потпише иницијатива за рушење на власта.
Според Гаши, должност на секоја опозициска партија е да го замени владиното мнозинство.
Покрената е иницијатива за рушење на актуелната власт. Ние како опозициска партија не можеме, а да не ја потпишеме иницијативата за рушење на власта. Секоја опозициска партија има должност да го смени мнозинството. Ова е првиот чекор. Исто така докажавме дека имаме 61 пратеник, а верувам дека во иднина бројката ќе се зголемува – вели Гаши.
Тој додава дека принципот на неговата партија е да се следи евроатлантскиот курс на земјата.
Мора да се следат процедурите доколку има нова влада, ново мнозинство кое го следи евроатлантскиот курс, што не е отстрането од нашите интеграции во ЕУ, односно од основните принципи што ги имаме со нашите партии, но и што ги имаме дефинирано како држава. Секако дека можеби нема да има ново мнозинство, но да не се откажуваме од нашите партиски принципи – изјави Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.