Полицајката Јасмина Ангелеска Јаначковска, чиј случај со „пајакот“ пред две години стаса и до Обвинителстото поради вербалниот напад од партискиот функционер Беќир Асани, вчера преку „Фејсбук“ објави дека по 18 години служба заминува од МВР поради неправдите од страна на „партиските послушници кои се на позициите пред сè за личен интерес“.

Во разговорот за „Плусинфо“, таа зборува за инцидентот со Асани, и одговара дали била принудена да изјави дека се самоповредила во „пајакот“ кој дошол да го собере неправилно паркираниот „ландровер“ на Асани, наспроти приказните што се плетеа во јавноста дека полициската службеничка била нападната.

Не бев удрена ниту нападната, мене ме повреди тоа што кога повикав помош 30 колеги стоеја, а ниту еден не го легитимираше или да го приведеше. Тогаш од револт удрив во вратата на камионот од „Пајак“ службата зашто се осетив сама. Тој излезе од кафеаната со 10 други негови луѓе, а јас бев сама со колега, затоа повикав помош. Ама, колегите дојдоа само да видат какво е времето или колку е саатот. Е, после една година мене ме прераспоредија наградно во полициската станица во Драчево, вели Ангелеска Јаначковска, разочарана од неправдата која ѝ била направена затоа што после долгогодишно искуство во сообраќајната полиција добила наредба за нова работа образложена со „потребите на службата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.