Колку гласови ќе освои Беса на овие предвремени парламентарни избори. Одговара лидерот на партијата, Биљал Касами во интевју за ТВ21.

Ние сме сигурни дека албанските гласови за Движењето Беса и Коалицијата Можеме ќе се движат од 80 до 100 илјади – вели Касами за ТВ21.

На прашање на модераторот на ТВ емисијата дали на Касами му недостига делот кој се одвои од Движењето Беса, тој одговори:

Јас можам да кажам дека можеби еден дел од нив можеби ми недостигаат – рече Касами.

На дополнително прашање, дали тие лица имаа имиња, но Касами не одговори, додаде само дека тие се надвор од политичката сфера.

Тие се надвор од политичката сфера. Значи знае јавноста дека бевме заедно и пред да се вклучиме во политиката со активности од граѓанска област и заради јавноста имавме коректна комуникација. Но, за жал од моментот на основањето на Движењето Беса и после изборите во 2016-та, јас видов една – додаде Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.