Пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби во емисијата „200“ на „Алсат-М“ телевизија потврди дека нема да има предвремени парламентарни избори и дека со ист став е и нивниот партнер во владата СДСМ.

Јас верувам дека прогресивните сили во коалицијата но и во општеството се против предвремени парламентарни избори и верувам дека оваа дебата е затворена поради тоа што не сакаме да паднеме во замката во барањата на тие кои постојано се распоредуваат погрешно од 2016 година до денес.Така да, за нас прашањето за предвремени парламентарни избори е затворено а верувам и за сите од коалицијата, рече Груби.

Меѓу другото Груби во емисијата говореше и за претседателските избори каде истакна дека лидерите на ДУИ и СДСМ Али Ахмети и Зоран Заев речиси се договорени да излезат со заеднички кандидат.

Имаше почетна средба меѓу двајцата лидери на нашите партии, значи Али Ахмети и Зоран Заев, каде е разговарано за концептот на консензуалноста. Во принцип се согласија, а во следните денови ќе имаме и други средби за ова прашање, и посакувам да најдеме заедничко решение и заеднички јазик за заеднички кандидат, потенцираше пратеникот од редовите на ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.