Молкот од СДСМ и Зоран Заев за случајот „Рекет“ е уште една потврда дека Зоран Заев е таканаречена прва виолина во целиот случај „Рекет“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Рекетарската власт на СДСМ и Зоран Заев, сеуште не одговори, зошто Зоран Заев молчел од 3-ти април кога го предупредил Бојан Јовановски алијас Боки 13 дека против него се води постапка од странски обвинител, па молчел Заев се до 22 април кога наводно го пријавил случајот кај другарка му Русковска. Да потсетиме на еден факт,а тоа дека никаде не стои официјален запис дека Зоран Заев го пријавил случајот „Рекет“. Секојдневно се повеќе се заплеткува Зоран Заев во сопствените лаги и тоне надолу, рече тој.
Арсовски обвини дека Заев им оставил дваесет дена простор на извршителите на рекетот да се погрижат да прикриваат докази, да губат телефони, да влијаат врз сведоци.
Постои сомнеж дека целиот тој период можно е и извршителите на рекетот да биле во директна корелација со Зоран Заев и дослух во целата операција за подготвување на оваа судска фарса од случај која ја води другарката на Зоран Заев, Вилма Русковска на крајно аматерски начин, рече тој.
ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и ЈО да ги вештачат уште веднаш мобилните апарати на инволвираните, а ЈО, како што рече Арсовски, иако е под канџите на Зоран Заев да се разбуди, да не спие и веднаш да отворат случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело.
А, понатака како се размотува целото клопче околу случајот „Рекет“ сигурно ќе се стигне и до тоа дека Зоран Заев е нарачател. Зоран Заев е уценет човек и најважно, заглавен до гуша. Тој мора да си оди од политиката, рече Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.