Ова кое што го прават Венко Филипче и Зоран Заев е геноцид врз сопствениот народ. Додека граѓани умираат, тие возат мотори, градат хациенди на Водно и се возат во хеликоптер и треба да одговараат за тоа бидејќи ништо не ги интересира освен провизии и заработка, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, за „Филибастер“ на Радио Лидер.
Најпрвин провизиите за набавка на респиратори каде што сакаа да земат пари. Којзнае колку заработиле од маски и слични работи. Но, провизиите на Венко Филипче за набавка на кинески вакцини, кои дека се сомнителни видоа и кинеските служби кои го вратија авансот. Дури и ветената донација од Бугарија не е реализирана. Имаше ветувања од Заев дека до крајот на април ќе стигнат 200.000 вакцини, но еве не видовме пречек на вакцини. Единствено што прават е купување на време и лажење. И имаме речиси 5.000 починати кои ја изгубиле битката тоа е затоа што владата не била доволно способна да набави вакцини или претходно респиратори и медикаменти да ги излечи граѓаните – вели Арсовски.
Во однос на аферата „Мафија“ со нелегалните пасоши на светски мафијаши, Арсовски истакна дека тоа не е ништо повеќе освен начин на бизнис, да заработат сериозни пари со издавање на нелегални пасоши, бидејќи секоја држава си има своја мафија, но само во Македонија мафијата има своја држава, а на чело на мафијата е Зоран Заев.
Верувајте дека некој од власта добро има наплатено, но ќе дојдат времиња кога ќе има истрага и ќе се покаже кој е главата на тој криминал. Никој од тие светски мафијаши не може да дојде туку така во Македонија, и да побара пасош, или некој од МВР. За да се случи една таква операција треба да има меѓусебна доверба помеѓу челните лица кои требало да ги одобрат пасошите и помеѓу мафиите. Истрагата треба да утврди кој одобрил и кој ја организирал целата работа. Тие луѓе седат во раководните функции во власта – истакна Арсовски.
Арсовски вели дека за сето ова ќе има одговорност, а одговорноста ќе започне со локалните избори кога граѓаните ќе го казнат СДСМ за криминалите и неработата, бидејќи градоначалниците на СДСМ не сработија ниту еден капитален проект, но затоа беа фатени во афери, шверц на цигари или малтретирање на жени.
Градоначалниците на СДСМ ќе ги паметиме дека за 4 години не сработија ниту еден капитален проект, но затоа се вклучени во скандали, криминали и малтретирање на граѓани, како што е градоначалникот на Лозово за кого по 3 години го запознавме како малтретира вработени и врши мобинг врз жени и нема никакви реперкусии. Да беа нормална влада, досега ќе имаше кривични пријави, ќе беше сменет и ќе одговараше за тоа што го правел врз тие невини граѓани. Имате градоначалник кој беше фатен за шверц на цигари и пукаше како кочијаш и каубоец во Ново Село, а одлежа само 6 месеци кои не сме сигурни дали ги одлежал, а неговиот син доби лиценца за марихуана. Човек што шверцувал цигари добил лиценца за марихуана, што ќе прави тој, нормално дека ќе ја шверцува – нагласи Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.