Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада.
Брнабиќ: Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација.
Еве јас сакам да ги прашам МЗ и Венко Филипче бидејќи немам намера јас да се извинам,
Дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ?
Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина.
Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.