Власта и СДСМ со откажувањето на продажбата на АД Славија ја признаа вината. Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари, да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Едноставно да се дообогатат преку ноќ одредени луѓе кои што би ја купиле. Нормално, тие луѓе се блиски до СДСМ и до власта. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните спречи продажба на АД Славија на криминален начин и со тоа спаси за државата и граѓаните 20 милиони евра во имот. Почитувани граѓани, продажбата сакаа да ја направат на незаконски начин, без проценки, без реални вредносни суми на имотот и она што е најинтересно – во вакуум период помеѓу смена на 2 гарнитури од СДСМ и непосредно пред Нова Година мислејќи дека никој тоа нема да го види. Е така не може. Така може да си препродаваат само штабови на СДСМ и имот на СДСМ – изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој им честиташе и на вработените во АД Славија, кои одлучно покажаа пркос и поддржаа Славија да не оди на продажба на ваков криминален начин каде што ќе бидат оштетени.
Славија сакаа да ја продадат за 218.535 евра, со имот и реални земјишта кои вредат над 20 милиони евра, со годишни приходи од 50 милиони денари и со пари на сметка кои во моментов се оперативни. Сега, откако ја повлекоа оваа криминална продажба во најава која не се служи за среќа на граѓаните, откако им ги помативме сметките и намерите, уште веднаш бараме оставка од Фатон Асани, директорот на агенцијата за одземен имот, бидејќи ова не му е прв случај каде сака да распродаде имот кој е под негова ингеренција на блиски луѓе до СДСМ. Нормално, обезвреднет за многу ниска цена. Фатон Асани е еден од луѓето кој што беше најгласен за продажбата, можеби не по негова волја туку по нечија нарачка, но тој е еден од луѓето кој што беше најгласен, најревносно ја бранеше и се бореше за продажбата на овој криминален начин и мора да си даде оставка за овој случај и мора да се повлече, бидејќи со повлекувањето на продажбата тој ја призна вината за овој криминал во најава – појасни Арсовски.
Портпаролот истакна дека како политичка партија покажале дека стојат на страната на граѓаните и дека немаат намера да калкулираат со криминалот и како и сега, така и во иднина вели Арсовски ќе бидат рамо до рамо со граѓаните штитејќи ги нивните интереси.
Ние, како ВМРО-ДПМНЕ имаме јасни намери, цели и принципи да расчистиме со секаков вид на криминал. Тоа го покажавме дури и сега во опозиција. Сакам исто така и да ги потсетам дел од институциите, како на пример антикорупциската комисија, која се уште до неа најверојатно не стигнале информации и не знае дека власта сакала да ја продаде АД Славија, најверојатно затоа што по цел ден играат видео игри во институцијата наместо да се борат против криминалот, исто така да потсетам и на молкот на пиунчето на Зоран Заев, Димитар Ковачевски кој во ниту една прилика излегувајќи секојдневно по медиумите не најде време да го искоментира овој криминал во најава и да побара да биде спречен иако се крена како сериозна тема во јавноста. Наместо тоа, праќаат деца на прес конференции да ги штитат нивните криминални бизнис интереси.Тоа покажува дека им е дојден крајот и дека на изборите ќе изгубат со огромна разлика. Со тоа исто така, Димитар Ковачевски покажа и докажа уште еднаш на самиот почеток од преземањето на функцијата, дека е ист како Зоран Заев, дека ги има истите вредности и принципи и дека го интересира и него заштита на криминалот и дека ќе ги следи во иднина патеките на Зоран Заев – дециден е тој.
Арсовски се обрати до СДСМ и власта, и им порача дека вака држава не се води.
Затоа, на предвремените парламентарни избори ќе бидете сменети сите на куп- додаде портпаролот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.