СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата. Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај.Од снимката која излезе низ медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот.Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Горан Димовски Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос за жал. Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што сте направиле изминативе три години.Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија, изјави Арсовски.

Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.На 15-ти јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ, изјави Арсовски

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.