Вилма Русковска и Љубомир Јовевски сеуште молчат за објавената аудио снимка во Собранието каде што слушајќи го гласот на Зоран Заев признава дека со маркетинг му помагал на Бојан Јовановски да ја финансира 1ТВ.Зоран Заев исто така молчи за ова признание, што е уште една потврда дека вистината излезе на виделина, нагласува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ со месеци наназад говореше дека Заев е главата на криминалниот октопод кој што се наоѓа на Илинденска ББ во случајот РЕКЕТ. Сега тоа се потврди и целокупната јавност го слушна.

Што треба да се чуе и да се види за да конечно правдата за криминалните индиции го стигне Зоран Заев и конечно Русковска и Јовевски го сработат сериозно случајот околу инволвираноста на Зоран Заев во Рекет?

Да потсетиме дека имаше низ медиумите и вест дека некој му кажал на Боки Јовановски од Владата дека бил пријавен за рекетирање. Кој би можел да му каже друг освен Заев бидејќи самиот Заев бил запознаен со целиот овој случај?

Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Боки 13 и Катица Јанева. Единствено ги дели тоа што Зоран Заев не го стигна правдата и не е заедно со нив на обвинителна клупа сеуште.

Пазарџијата Заев за да се спаси сега и да си изгласа закон за амнестија во Собранието преку законот за ЈО распродава граѓански интереси како да се пиперки и корнишони од неговите пластеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.