Љупчо Николовски и Зоран Заев молчат за шверцуваните 5 камиони тутун, а се фалат со запленети 30 килограми путер со поминат рок. Граѓаните веќе се свесни, оваа Влада е веќе со поминат рок и ќе заврши онаму каде што и е место, на политичкото буниште, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека се фалат за запленети 30 килограми путер, цела Влада на чело со Љупчо Николовски молчи за 5 шлепери шверцуван тутун преку фирмата Студенац Шпед, која е на негов близок пријател. Јовески, Русковска, Антикорупциска, МВР, сите молчат и се соучесници на сторениот криминал за кој има потврда дека се случил шверц на тутун и од Царинската управа. Во години кога тутунарите се најоштетени земјоделци во државава, нема откуп, немаат субвенции и секојдневно протестираат за нивната мака, Љупчо Николовски молчи за шверц на 5 камиони тутун и згора на се, се фали со запленети 30 внимавајте килограми путер, а ги штити неговите пријатели кои што шверцуваат – вели Арсовски.

Настрана од путерот кој им е единствено за мачкање очи на народот, оваа Влада на СДСМ е со поминат рок.Одговорност за целиот криминал мора да има и ќе има. Ниту едно кривично дело нема да остане неказнето, порача Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.