Господине Коста Петров, ова не е шоу бизнис на каков што сте навикнати и од каде доаѓате, не е ниту евровизија туку реален живот во кој што жиеват граѓаните на Република Македонија. А, во тој живот, вашиот партиски шеф и вашата влада првите три месеци од годинава украдоа од буџетот 120 милиони евра за корумпирање мислејќи дека ќе има избори и го задолжи секое семејство за дополнителни 15 илјади денари – истакна денеска портапаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Е сега во тој реален живот владее и трас-трас судство и корумпирано обвинителство кое го создаде и состави твојот лидер Зоран Заев.
СДСМ грчевито се бори за противправното земање на пари на рекетарското СЈО и од петни жили се труди рекетарската дружина на чело со Катица Јанева и нивните роднини вработени во администрацијата да земат награди од над 2 милиони евра во услови на корона пандемија.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе преставка пред Уставниот суд и судот не може да донесе никаква поинаква одлука освен да го почитува правото како што налага. И Коста Петров и Зоран Заев треба да знаат дека се повеќе луѓе во државата се охрабруваат и се спротивставуваат на диктатот и лудилото на оваа власт на СДСМ која што за многу брзо ќе биде сменета – нагласи Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.