Во Македонија не се знае кој е криминалец, а кој е власт. Институциите под Заев трет ден молчат за претепувањето и обидот за убиство во Струмица, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во денешниот коментар на денот.
МВР и Јавното обвинителство веќе трет ден молчат за крвничкото претепување кое се случи сред бел ден во центарот на Струмица, кога група насилници блиски до СДСМ нападнаа човек. Власта на Заев со ова покажува дека ги закрвавила веќе рацете. Самата жртва посочи кои се сторителите, дека имало обид за убиство од обезбедувањето на Зоран Заев, дека полицијата не интервенирала и пак нема никаква реакција на службите. Очигледно ако ваквиот скандал не беше снимен, јавноста немаше никогаш да дознае и ќе беше заташкан за многу брзо, рече тој.
Арсовски прашува зошто институциите се уште ги немаат фатено насилниците кои се дел од обезбедувањето на Заев, за што има и јавно сведоштво? Дали треба да убијат некого на струмичките улици за да реагираат или може и тогаш ќе се обидат да го заташкаат случајот?
Насилството владее со улиците, а криминалците се први пајташи со власта. Конекцијата е јасна, криминалците и требаат на власта за заплашување на народот и за избори, а власта им треба на криминалците за покривање на нивните злодела кои што ги прават. Впрочем во Македонија веќе не се ни знае кој е криминалец, а кој власт, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.