Протестите почнуваат од пред зградата на министерството за правда бидејќи тоа е местото кое е извор на сите неправди во Република Македонија, а е предводена од СДСМ Заев и нивните пиони. Тоа се луѓето кои ветуваа дека ќе донесат правда, а го изневерија народот, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за вестите на Алфа Телевизија.

Во однос на денешниот протест Арсовски истакна дека Гоце Делчев е идентитетот и достоинството на македонскиот народ и човекот кој е впишан во државната химна и за него не треба и не смее да се преговара. Гоце Делчев е црвената линија. Гоце Делчев го разбирал светот како културно поле за натпревар помеѓу народите, но во Република Македонија имаме премиер кој не е поддржан од граѓаните и кој светот го разбира за правење криминал во владата и за распродавање на сите национални интереси. Имаме влада која што наместо да се грижи за проблемите и националните интереси, таа за само два месеци по изборите има еден тон криминали почнувајќи скандалот со бизнисменот Дака Давидовиќ кој дал мито кај владата на Зоран Заев пред неколку месеци, гласањето на ДУП-от кај Шик Јелак за над 2.000 станови, пропаѓање на Еуростандард и ред други скандали и афери, потенцираше Арсовски. Арсовски посочи дека Зоран Заев како човек има две работи кои го карактеризираат во однос на крупните прашања кои ги решава, од една страна за сите прашања тој крие што договорил и не излегува јавно да каже што договара за кога ќе потпише да биде доцна и да бидат граѓаните пред свршен чин, а втората работа е дека ветува и ветува веќе 4 години за многу работи а ништо не исполнува и лаже за се што ветува. – Не очекувам решение од оваа влада во полза на Македонија и заштита на националниот интерес. Нашиот став е јасен и тоа е дека Гоце Делчев е црвената линија, а во однос на најавите за блокадите, тоа е единствена работа која ја дефинира оваа влада за сите прашања, се работи за немање на капацитет од луѓето кои ја предводат оваа влада и да работат во насока на заштита на интересите на граѓаните и државата, изјави Арсовски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на крај нагласи дека не очекува жешка есен бидејќи протестите ќе продолжат се додека, како што рече, не падне оваа ненародната власт на Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.