Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски реагира на изјавата на Венко Филипче дека било греота тоа што го правела опозицијата, која го критикувала што умираат луѓе и што македонија има највисока смртност), а притоа не вели дека се греота луѓето што умираат и нивните семејства (над 1000).

Не вика греота се струмичани што немаат возило за итна помош, па им донираат 40 години старо од друга институција.

 

Не вика греота се овие луѓе што не можат да се тестираат и хоспитализираат.

 

Не вика греота се 40.000 дечиња што се сиромашни и немаат можност да учат.

 

Не вика греота се над 50.000 отпуштени заради немањето помош на стопанството од Владата.

 

Не вика греота се штипјани што фирмите на Бочварски земаат тендери.
Не вика греота е државава што ја управуваат криминалци и ‘неспособњаци’ како Заев.

 

Веќе не палат ПР триковите каде што треба да придобие таканаречен „Рејтинг на сожалување“ кој се добива во време на сериозни кризи каде на удар е целокупното општество.

 

Помина тоа време на барање сожалување и општо соживување од граѓаните кон криминалната ни Влада.

 

Затоа, доста препелкање и ‘паламудење’ (се извинувам што користам збор од речникот на Заев) и најитно поднеси си оставка.

 

Биди си како што си добар доктор (можеби најдобар) во областа, но не мора да бидеш гробар на народот!
За крај, засрами се! – вели Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.