Маричиќ, ти ли ќе го прочистуваш судството, до вчера со сопруга шеф на кабинет на министерот за правда и татко јавен обвинител? Па, што правевте 4 години или бевте зафатени со хотелски коалиции, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски преку статус на Фејсбук.

Класична изјава на ‘фотељаш’ од СДСМ – додека неговиот сектор не си ја врши работата, Маричиќ пробува да се оправда самиот така што се мотивирал да прочистува судство.

Побогу загина човек и бремена жена изгуби дете, а ти ќе се мотивираш од овој случај и ќе шириш демагогија.

Не можете да прочистувате судство, освен да броиме жртвите од вашата неправда. Убија човек и неродено дете, а вие допрва ќе сте прочистувале – напиша Арсовски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.