Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција побара Лидија Димова од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност веднаш да си поднесе оставка и како што рече, да не чека ниту ден повеќе, поради начинот на кој биле доделувани пари за проекти.
„Лидија Димова сѐ уште не одговори за сомнежите околу рангирањето на проектите, не ги објави јавно, но и сѐ уште не сноси одговорност за сомнежот дека против законот е добиен проектот, од страна на надворешен соработник на агенцијата, вклучетелно кој е нејзин близок пријател од кафеански седенки. Исто така, купени се две луксузни возила од страна на Лидија Димова за луксузирање во вредност од 100.000 евра.
Најновиот проект за кој денеска сакаме да поставиме прашања, помалку чуден проект за кој се доделени пари на братот на пратеникот Диме Велковски, втор проект покрај магарињата, е проектот ‘Избери сирење‘, проект за кој се доделени 125.000 евра од Еразмус+ програмата. Значи доделени 125.000 евра европски пари од проект ‘Избери сирење‘ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори.
Бараме јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите.
Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите“, рече Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.