На новинарско прашање: Излеговте со сомневања за вмешаност на власта во случајот за заплена на дрога која што се случи вчера, ваш коментар?, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски одговори:

Во однос на случајот кој што се случи вчера, очигледно е дека целата акција ја водат служби кои се борат против наркотици од странство, односно како што се пишуваше низ медиумите американската ДЕА. Се работи за запленета дрога во вредноста од на 800.000 евра. Но, она кое што стигна до нас како информации за кое што, уште еднаш повторно сакам да упатам прашања до власта и конкретно до премиерот Зоран Заев, а тоа е дека возачот на Трајче Заев, првиот братучед на Зоран Заев е еден од уапсените, кој што бил пратечко возило на пратката со дрога? Вториот уапсен е Кире Спиркоски викан „Чипси” командир од полициската станица Прилеп кој што пак може да се види дека е преблизок со Оливер Спасовски и со локалните структури на СДСМ во Прилеп, како што е градоначалникот Јованоски.

Потоа она кое што сакаме да го потенцираме, а се уште нема одговор од страна ниту од МВР, ниту на власта, а тоа е дрогата е запленета во комбе со грчки таблици, за кое што се сомнева дека е во посед на фирма која е во сопственички удел во Медикал 420, фирма која што има добиено лиценца за одгледување на марихуана, конкретно во Битола. И тоа има добиено лиценца за одгледување на марихуана од власта на СДСМ и Зоран Заев некаде кон крајот на 2017-тата година. Што е тука симптоматично? Повторно прашуваме дали возилото со кое што се пренесувала дрогата е во сопственост на фирма на Трајче и Бобан Заеви?

Зошто го велам ова? Затоа што мора да потсетиме, а не е случајност Трајче и Бобан Заеви на 20 мај 2019 година имаат основано фирма во Петрич, Бугарија, Медикал 420 Бг ЛТД. Што значи, тука дека, повторно ќе кажам не се работи за случајност, но треба да излезат и Заеви, и власта, и МВР да одговорат каква е вмешаноста на ова семејство во трговијата со наркотици, односно нелегалната трговија.

Морам уште еднаш да ги потенцирам клучните работи. Висок функционер од МВР близок до СДСМ вмешан во целиот процес, возачот на Трајче Заев кој е прв братучед на Зоран Заев вмешан во целиот процес, пратката која неофицијално се говори е од Медикал 420 фирмата за одгледување канабис каде исто така неофицијално нашите информации говорат дека фалат над 200 кг во истата фирма, но тоа подоцна ќе го покаже истрагата. И клучната работа иста таква фирма во Бугарија поседува Трајче Заев и Бобан Заев кои се први братучеди на Зоран Заев, што повторно потенцираме белото комбе во кое е запленета дрогата не може да биде случајност.

Но, сепак, повторно прашуваме која е и каква е врската на Трајче Заев и Бобан Заев во целиот овој случај?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.