Криминалот и корупцијата во Република Македонија почнуваат и завршуваат со Зоран Заев. Криминалот и корупцијата се во првиот ешалон и првиот ешалон на Владата се тие што треба да одговараат за целиот криминал и корупција и да одат во затвор, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Посочува дека Стејт Департментот нотира висока корупција во Владата, а пак Зоран Заев негира.
-Отсуството на срам и на недоведноста кај премиерот е доволен показател дека имаат забегано како Влада и партија и се препуштени единствено на криминал и корупција. Очигледно за Заев не е прв ешалон Ден Дончев кој го видовме како зема неколку пачки со пари како транша за рекет и тоа на видело, јавно, целата јавност го виде. Зоран Заев негира. Очигледно за Заев не е прв ешалон Драги Рашковски со набавката на софтвери или пак Петре Шилегов со набавката на противпожарната скала која беше платена двојно повеќе од вредноста која што ја плаќале другите општини низ Европа. За Заев не е прв ешалон ниту криминалот на Боро Малборо, кој како градоначалник беше фатен како се пука со полицајци, и како шверца цигари. А, не е ниту криминал ова што се случи со СЈО, со рекетирањето, или пак она што се случува со нарачките од ЈО и пресудите на судот. Одамна е јасно во Република Македонија дека корупцијата го зазема првото место за ширење во Владината програма. Одамна е јасно дека како таргет на власта се единствено луѓе кои се нивни критичари, а не оние кои навистина сториле криминал. Повеќе од јасно е зошто странските инвестиции си одат од Македонија и завршуваат во други држави. Станавме црна дупка во Европа, само затоа што оваа Влада е една од најкриминалните влади во светот, вели Арсовски.
Нагласува дека токму третиот ешалон е тој што ќе му пресуди на Зоран Заев.
-Доволно е омаловажувања и навреди за обичните граѓани кои Зоран Заев ги нарекува трет ешалон, додека пак тој самиот и останатите народски кажано ослепеа од крадење на државата и граѓаните. Ако на некој не му е јасно кој краде и кој е корумпиран во државава согласно ешалоните, нека размисли дека скапи Мајбаси возат семејството на Заев, а не обичниот граѓанин од третиот ешалон како што го нарекува Зоран Заев. Затоа одговорност за целата корупција и криминал и чистење на корумпираното зло од Владата на овие избори низ општините најпрвин, а потоа и во Владата. Секој кој што се огрешил пред лицето на правдата и кој што крадел од граѓаните треба да одговара и ќе одговара, истакна Арсовски на денешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.