Или меѓу себе се лажат и мислат дека сите им веруваат или одамна не излегле надвор меѓу луѓе да им кажат што мислат за нив, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за СДСМ, откако вицепремиерот задолжан за корупција Љупчо Николовски го обвини ВМРО што корупцијата е на историски највисоко ниво, иако извештајот е за последните години во кои владее неговата партија.
Да ги гледаш секој божји ден низ медиуми,
– Зоран Заев – апла фатен во случај РЕКЕТ со цела фамилија,
– Ден Дончев – видео снимка мито на рака,
– Рашковски – случај Леонардо и Сархемс,
– Оливер Спасовски – набавка на возила и уште десетина сомнителни тендери,
– Венко Филипче – крвави тендери од стотина милиона,
– Радмила Шеќеринска – набавка на грејдери и други тендери,
– Кочо Анѓушев – десетина сомнителни тендери,
– Вице Заев и Васко Ковачевски – милиони и милиони тендери земаа со и без СВ Инвест од РЕК Битола,
– Лидија Димова – стотици илјади евра за магариња и фризерници,
– Коста Петров – на кривично дело одговара со „извини”,
– Боро Малборо – градоначалник шверца цигари,
– Нина Ангеловска и струмичка багра – ја пропаднаа “Еуростандард банка”,
– Благој Бочварски – поделени тендери на татко му и чичко му,
– Охридскиот градоначалник со Нефи Усеини – пола Охрид на диво го изградија и срушија,
– половина функционери на СДСМ – земаа грантови во 2018 од Фонд за криминални иновации,
– останатата половина функционери на СДСМ – непотизам, цели фамилии вработија
– и многу други скандали, за на крај
да се истакне Љупче Николовски, другар и сопартиец, ист по табиет со сите овие погоре истакнативе, кој вели: – ВМРО е криво што овие 3 години корупцијата е на историски највисоко ниво.
Па добро е со сите овие криминалии и коруптивни случаеви што не нè исфрлиле од листата, за воопшто да нè нема на индексирање.
Или меѓу себе се лажат и мислат дека сите им веруваат или одамна не излегле надвор меѓу луѓе да им кажат што мислат за нив. Трето нема. Ама да мислите дека народот е недоветен, скапо ќе ве „кошта“ на избори, коментира Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.