Ниту обвинителството, ниту антикорупциската, ниту пак било кој истражен или регулаторен орган нема отворено ниту еден случај за ова енормно испумпување на народните пари, порача на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, потсетувајќи на Агенцијата за обезбедување од Струмица која преку државните институции и универзалниот снабдувач за електрична енергија добила над 21 милион евра за само 2 години.
ВМРО-ДПМНЕ, апелираше Арсовски, уште еднаш го повикува, Јавно обвинителство, Антикорупциска комисија, регулаторните тела, истражни органи, да прекинат да бидат соучесници и да ги истражат овие сериозни сомнежи на криминал.
Граѓаните тонат во сиромаштија, државната каса е празна, економската политика за справување со корона пандемија е уште пострашна, единствено семејството Заеви имаат огромни профити и тоа на грбот на граѓаните од страна на државните фирми, рече порпаролот на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.