Огромна е ароганцијата и дрскоста кај функционерите на СДСМ. Лидија Димова и Љупчо Николовски прават театар пред граѓаните, преку медиумите со кој ги замајуваат граѓаните неколку денови, дали треба Димова да даде оставка од директор на агенцијата или не треба да си даде. Сето ова се прави медиумски за да се дефокусира јавноста од криминалот кој што се случувал во агенцијата, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме јавно сведоштво од благајник кој работел во Националната агенција дека фалат 20.000 евра, односно нема покритие за таа сума на пари, кои се подигнати од благајната на Националната агенција со факсимил на Лидија Димова. За ова сѐуште никој нема отворено случај, сѐ уште не е влезено Јавното обвинителство, сѐ уште Државниот завод за ревизија нема влезено да направи ревизија на работењето и најважното, сѐ уште Лидија Димова е на функцијата директор на Националната агенција.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.