Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка. Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски, рече денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски, кој изрази уште еднаш сочувство до фамилиите и семејствата на загинатите во вчерашната трагаедија во болницата во Тетово.

Сочувствуваме што 14 животи згаснаа во институција за чија безбедност и животи би требало да се грижи Министерството за здравство. Oна што првенствено сакаме да го потенцираме во овој момент, уште една кажувам да го потенцираме е потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија.

За жал без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага.

Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд. Зоран Заев и Венко Филипче да покажат барем малку доблест и да ги ослободат институциите од нивните притисоци, изјави Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.