Секогаш кога СДСМ била на власт државниот имот се раскрчмувал и така е настаната и олигархијата. А сите знаеме што се случуваше во деведесетите години, 200 илјади луѓе остнаа без работа, над 600 фабрики затворени, беа купени односно присвоени од олигарсите на СДСМ. Денес е иста ситуација. Сега тоа сакаат да го направат со имот на Славија, кој чини над 20 милиони евра, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизја Алфа.

Тој посочи дела целата операција се прави сега кога се менува раководство во СДСМ, кога владата е во оставка, кога секој гледа да приграби и кога се прават најголемите криминали.

„На документот јавно објавен стои дека продажбата ќе се одржи на два три дена пред Нова година. Јавноста е насочена кон промена на состав на Влада и останати актуелни теми, ама они планираат продажба на Славија“, рече Арсовски.

Тој спореди и документи од 2012 и од 2021 година. Прво, според документите, рече Арсовски, во 2012 година акција чинела 105 473 денари, во 2021 година чини само 3.060 денари.

„Замислете каква разлика. Оттука е и вкупната вредност на пакетот 218 илјади евра која ја кажуваат“, рече Арсовски.

Втората работа, кажа тој, ова е најава за сериозен криминал.

„Пуштаат оглас за продажба без никаква проценка од надлежните. Имало такви проценки претходно. Тоа е многу атрактивен дел сега“, вели Арсовски.

Тој изнесе низа на детали во врска со случајот АД Славија. Или дека само управната зграда чинела 9 милиони евра по проценка од 2016, но таму е инвестирано дополнително, што значи вредноста се покачува.

„Таму се чека и приватизација на земјиштето од околу 40 илјади квардрати и цената повторно се зголемува“, кажа Арсовски, кој информираше дека има имот и на булевар „Борис Трајковски“ и таму се подигнува вредоста бидејќи има маркици на тоа земјиште.

„И они виделе бонбона бизнис и сакаат и тоа земјите да го земат за 218 милиони евра. Но, има уште многу имот оваа фирма“, рече Арсовски изнесувајќи детали каде се има имот оваа фирма, кои се локациите.

Во сите пресметки ги нема 30 вработени кои се против оваа постапка.

„Оние кои сакаат да купат за 219 милиони евра нив не ги интересираат овие вработени, тие купуваат имот за да прават згради. Мора да бидеме свесни и за ова, според мои информации меѓу 50 и 80 илјади евра се слеваат во Славија само од закупнина“, рече Арсовски.

Тој информираше и дека во моментов на сметката на Славија има стотина илјади евра кои со купувањето ќе припаднат на новиот сопственик. Или дека дополнитено во годишна сметка изминативе години Славија пријавува и до 50 милиони денари.

„Тоа се приходи од работата на АД Славија“, рече Арсовски, кој укажа дека за сето ова, за сиот овој криминал молчат сите, а молчи и Димитар Ковачевски, кој ќе ја составува новата влада.

Според Арсовски единствено решение е да се прекине постапката за продажба и ги повика антикорупционерите од Државната комисија за спречување на корупција да отворат случај, а не како што рече да молчат и да играат видео игри.

„Тие треба да излезат и да го прекинат ова. Правдата мора да биде задоволена и секој кој го прекршил законот ќе мора да одговаара, а ќе се смени власта и ќе одговараат. Ова мириса на сериозен криминал“, заклучи Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.