Претседателот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска преку статус на Фејсбук пишува дека Венко Филипче е најнеспособниот министер за здравство во 30 години независна Македонија.

-Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има. Умираат луѓе на секој чекор, се борат за живот, бараат спас каде ќе стигнат, одат по други држави да се вакцинираат изложувајќи се на опасност од зараза, економијата поради неговата неспособност по цела година да воспостави контрола е на раб на пропаст, а тој се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година. Уште сите амбасадори ги собрал, да се сликаат за големиов успех. Мрш, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има. Умираат луѓе на секој…

Posted by Danela Arsovska on Sunday, 28 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.