Веќе втора година Македонија е сред здравствено-економска криза, а доколку се земе во предвид растот на бројот на заболени и недостапноста на вакцини за граѓаните, неизвесно е кога ќе биде крајот на кризата и почетокот на опоравувањето, вели Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори за „Слободен печат“.

Повеќе пати досега потенциравме дека малите и средни претпријатија немаат резерви да ја одржат ликвидноста. Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да работат во нивен интерес, а доколку не се способни за истото секогаш можат да ги вратат мандатите. Во овој момент треба сите да се обединат околу единствениот општествен приоритет, кој значи спасување на човечки животи и обезбедување на економска активност за спасување на работните места како извор на егзистенција на граѓаните. Треба да се заборави на добивање ситни политички поени и да се размислува за животот, здравјето и егзистенцијата на граѓаните, додава Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.