Македонија, држава која нема функционални противпожарни авиони, нема доволно противпожарни возила, нема доволно противпожарна опрема, ама 30 години има пари за службени возила за функционерите и безумно непродуктивно трошење од страна на институциите на средствата кои треба да се наменети за граѓаните!, смета Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Потребна е национална стратегија за кризен менаџмент. Ако треба граѓаните да се самоорганизираат за да си помогнат, тогаш за што им се потребни институциите на локалната и централна власт, веројатно не само за да си поделат плати од средствата од комуналните давачки и даноци.

Ова нема да е последна криза, граѓаните треба да се безбедни и спокојни, да знаат дека институциите постојат за нив и за да им помогнат кога треба, вели Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.