Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и официјално е заболен од ковид 19. Јавноста веќе гласно забележува дека во изолација заминуваат се едни исти луѓе од власта, а на Спасовски ова му е трета или четврта изолација. Министерот кој се закануваше со упад на полицијата во домовите и апсење на гости по славите, не води сметка за своето здравје, но и за здравјето на соработниците. Овие фотографии се направени во кабинетот на Спасовски неколку дена пред да се тестира и се јавно објавени на неговиот Фејсбук профил.
Но, тоа не треба да зачудува ако се земат фактите предвид, а фактите говорат дека власта донесува мерки, но и самата не ги почитува. Сепак, функционерите од власта, особено Спасовски, кој беше технички премиер за време на вонредната состојба.
Ретко го гледаме со маска и премиерот Зоран Заев, а и градоначалникот на Центар покажа „светол“ пример венчавајќи се во друга земја. Не покажа почит кон мерките на филипче ниту коалицискиот партнер, веќе починатиот Амди Бајрам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.