Вистинските вмровци имаат еден пат, а тоа е љубовта кон Македонија. А ова што се прави сега со некакво закажување на конгрес е крајно неосновано, рече Ламбе Арнаудов поранешен пратеник на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно.

-Во однос на наводен конгрес има три моменти. Прв е статутарниот момент. Таму нема дилема дека Централниот комистет меѓу два конгреси е најголема власт и има процедури како се закажува конгрес и таму стои јаасно кој е делегат на конгресот пратеници, градоначалници, Унија на млади сили на жени, на ветрани. Второ, една половина од ЦК може да закаже и да побара конгрес а две третини да се согласат. Трета работа, новиот статут е правен со консултации со сестринските партии, рече Арнаудов. Арнаудов укажа дека тие закажуваат конгрес затоа што Мицкоски бил губитник, а не е, оттука е кој е нивниот мотив, конфузни се.

-И едно нешто е факт Заев од Мицкоски се плаши како ѓаволот од темјан, рече Арнаудов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.