Владата на синоќешната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за ангажирање на припадниците на Армијата во обезбедувањето на болниците како дополнителна помош на припадниците на МВР.
Владата заклучи за ова да побара согласност од претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски.
Шефот на државата на минатонеделната седница на националниот Совет за безбедност, изрази подготвеност, доколку Владата побара, да стави на располагање колку што е потребно припадници на Армијата како логистичка поддршка во борбата против пандемијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.