За граѓаните да одржуваат растојание, Општина Прилеп постави налепници пред банките и маркетите во градот на кои пишува „Стој овде“.

Во одржување на редот, ќе се вклучи и Армијата.

Истовремено, во обезбедување на редот пред банките и маркетите, каде што и покрај многубројните апели за држење на растојание се создаваат непотребни метежи, од денеска ќе бидат вклучени и претставници на Армијата, велат од Општината.

Во Прилеп вкупната бројка на заразени од Ковид-19 е 72 лица. Едно лице од претходнозаболените е во потешка здравствена состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.