Градоначалничката на Тетово Теута Арифи денеска истакна дека имала сознанија оти тетовската болница во неколку наврати од институциите барала зголемување на безбедноста во модуларниот објект.
Таа сепак не откри од кои институции била побарано ваква помош, а одговор на прашање треба да го даде тетовската Општа болница.
Знам само дека тие имале неколку обраќање до други институции во однос на сигурноста и безбедноста на модуларната болница. За тоа знам дека имале обраќања до повеќе институции за да се зголеми безбедноста околу нив, но за тоа мислам дека одговори ќе добиете таму, рече Арифи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.